ТРАНСПОРТНО ОСИГУРУВАЊЕ

ТРАНСПОРТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Доколку се занимавате со увоз-извос на стока, превоз на стока, трговија, ако сте организатор на превоз или водите шпедиторска компанија осигурувањето за транспорт може да игра суштинска улога во вашата деловна активност. Често се случува при транспортот на стока таа да биде оштетена а оштетувањето да биде предизвикано од различни ризици.

Без оглед на тоа дали сте учесник во домашниот или меѓународниот транспорт и без оглед на видот на стоката, релацијата и превозното средство секогаш постои ризик, а ние ви нудиме полиса според вашите потреби.
 
 
Осигурување на стока при транспорт (карго)
Оваа полиса покрива штети од физичка загуба или од оштетување на трговските стоки што се транспортираат во меѓународен транспорт или домашен транспорт. Пратките се покриени со осигурување од моментот кога ќе го поминат прагот на складот до завршувањето на истоварот. 

Осигурување на одговорноста на превозникот (ЦМР полиса)
Со ова осигурување превозникот не ја осигурува пратката, туку својата одговорност за неа, односно, одговорноста на превозникот кон сопствениците на товарот. Некои можни штети за кои додека го вршите транспорот би можеле да бидат ваша одговорност се: делумна или целосна загуба на пратките, оштетување на пратките и на контејнерите, задоцнување на пратките.
Прочитајте повеќе за условите за сите видови на продукти за осигурување од нашата понуда
Потребните информации за постапката за пријава на штета и обрасците што треба да ги пополните
Осигурителни полиси за сите Ваши потреби. Нашиот тим е подготвен да Ви помогне да го одберете пакетот кој најмногу Ви одговара!